Кога St Regis Bahia Beach Resort беше отворен кон крајот на 2010 година, тој брзо стана носител на луксузната нота во Порторико …
Како и многу други големи имиња погодени од ураганите Ирма и Марија, познатото одморалиште го искористи времето за кое беше затворено, за себе си да си подари нов живот, инвестирајќи 60 милиони долари во поправки од подот до таванот и реновирања кои беа неопходни, со цел се врати подобро и посилно од било кога.
Сите 139 соби од ова одморалиште имаат нов шик амбиент. Ѕидовите и мебелот се покриени со бели и окер тонови, оставајќи го фокусот на тиркизната вода на Карипското Море или зелените, живи градини видливи низ прозорците и балконите.
Секоја соба има стаклен бар кој може да се пополни во согласност со вкусот на сопственикот од страна на посветен батлер, како и посебни удобности, како што се големи тераси и купатила.
Ресторанот покрај новата плажа Beach Shack нуди неверојатен поглед на целиот имот и морето.