Versace се здружи со брендот Kith во една од своите најновите соработки …
Kith внесе допир на урбаност во познатите дизајни и принтови на Versace.
Презентирајќи ја колекцијата, моделот Laki Blu Smit е ѕвезда на новата кампања. Американскиот модел ја претстави ready-to-wear облеката, обувките и модните додатоци. На фотографиите можеме да видиме тексас јакни со Versace Medusa дезенот како и златно-црни дезенирани парчиња. Што се однесува до аксесоарите, во понудата има капи, шалови и ѓердани.