Ниските температури ја сушат кожата па затоа крајот на зимата е вистинско време за нејзино закрепнување.
Најлесен начин за опоравување на косата е маска која можете самите да ја направите дома од состојки кои најдобро ќе делуваат.
Оваа маска проверено делува на сите типови на коса.
Состојки:
неколку капки етерично масло од лаванда
2 лажици маслиново масло
1 лажица мед
Ставете неколку капки етерично масло од лаванда во сад, додадете го маслиновото масло и мед и измешајте сè во блендер. Ставете ја маската на влажна коса и оставете да делува 40 – 45 минути и исплакнете.
Користете ја маската еднаш неделно и за еден месец ќе видите промени.