Познатиот дизајнер Карим Рашид соработуваше со брендот Кросно за да ја создаде Сакред – едноставната и вонвременска колекција на цилиндрични и купести предмети од стакло …
Сакред е прва колекција на стакларија која ја креираше новиот под-бренд на Кросно, Кросно Дизајн, која ги повикува “најдобрите творци на глобалниот дизајн”, да им се придружат и да создадат предмети со својот карактеристичен стил.
Креациите на Рашид ја слават “чистата геометрија на цилиндрите и купестите форми”, комбинирајќи форми на различни начини, за да ја претвори серијата на предмети од секојдневни во орнаменти.
“Верувам во едноставност, а посебно за функционални, демократски предмети од секојдневниот живот”, Рашид објаснува. “Мојата прва колекција е геометриска и отпорна, многу функционална, но чувствителна кога станува збор за баланс, пропорции и бои”.
Сакред се состои од сет чаши, вклучувајќи чаши создадени специјално за уживање во вино, шампањско и коктели. Тука е исто така и бокалот, чинии и вазни во две различни димензии, свеќник и sвонo за торта со капак.