Zara Home ја претстави новатa колекција за пролет / лето 2019 година.
Новата линија на Zara Home презентирана под наслов “Чувствувајте се дома” е најдобриот помошник во создавањето на вашиот личен простор, единствено место каде што ќе се чувствувате удобно, безгрижно и безбедно.
Колекцијата содржи удобен и мек текстил, од перници и ќебиња до убави крпи и наметки, како и додатоци за дома од дрво во светли бои. Во колекцијата може да се најдат снежно-бели садови, миризливи свеќи и други мали работи кои можат да го исполнат секој дом со исклучителна удобност.
Откријте што е ново во колекцијата Zara Home во галеријата со фотографии …