Матера
Матера е мал град во јужна Италија и е признаен како Европска престолнина на културата во 2019 година. Ова не е изненадувачки: стариот дел од овој град, изграден на карпи е под заштита на светското наследство на УНЕСКО.
Заради бројот на меѓународно значајни религиозни локалитети, местото се нарекува “Втор Витлеем”. Тука се снимени култните филмови базирани на библиски сцени – на пример, Евангелието на Метеа и Страданијата на Христос со Мел Гибсон.