Латиција Кју е 22-годишна уметница која ја користи косата како медиум за изразување на своите идеи и верувања.
Таа создава животни, минијатури и секојдневни предмети со користење на игли, различни материјали, жица, волна и уметоци од коса. За секоја креација потребни се од 20 минути до 2 часа работа.
Иако овие фризури кои талентираната Летиција ги создава не се погодни за секојдневни излегувања или специјални прилики, мораме да признаеме дека изгледаат многу оригинални и забавни.