Лос Ангелес е дом на многу познати личности, па затоа не е ни чудо што таму доминира супериорноста и луксузот …
Брилијантниот ум кој стои зад компаниите SpaceX и Tesla, купи за себе дом кој е доволно богат со се, содржи четири спални соби и четири купатила, прозорци од подот до таванот, со поглед на градот, океанот и кањонот од речиси секој дел од имотот .
Овој имот, исто така, има голем двор, простран базен со морска вода и спа, премиум кујна со сите модерни апарати и беспрекорен, минималистички ентериер и екстериер. Тука има луксузни камени и мермерни површини, кои се нагласени со парчиња современ мебел, дрвени подови и камин, кој создава уникатна атмосфера.
Ако од секогаш сте сакале да живеете како Илон Маск, ова е одлична можност бидејќи неговиот дом за кој пишуваме се продава по цена од 4,5 милиони долари.