Вирџини Виард е новата креативна директорка на модната куќа Шанел!.
Вирџини Виард досега беше директор на креативното студио на Шанел, а Карл ја нарекуваше “негова десна и лева рака”. Тој исто така изјавил дека без Вирџини, тој би бил парализиран бидејќи таа сите негови идеи ги претвори во скици.
Таа беше очекуван избор, бидејќи беше најблискиот соработник на Карл Лагерфелд, а на последната модна ревија на “Шанел”, таа ја поздрави публиката наместо него, оправдувајќи го дека е заморен.
“Тој е единствената личност која ја познавам толку многу добро, а и се обраќам со “Вие”. И тоа навистина ми се допаѓа, изјавила Виард во 2017 година за магазинот Мадам Фигаро.