Луѓето по оброк обично се релаксираат, лежат, гледаат серија и слично, но малкумина се одлучуваат за активност.
Научно е докажано дека една прошетка по ручекот има корисни ефекти. Студијата покажа дека 15-минутна прошетка им помага на возрасните личности со дијабетес тип 2 во спречувањето на зголемување на нивото на шеќер во крвта.
Луѓето најчесто го консумираат најобилниот оброк во вечерните часови, а потоа седат или легнуваат. Ова може да доведе до значително зголемување на гликозата во крвта, а тоа ниво може да се одржува со часови.
Според една студија објавена во Нов Зеланд, нашите мускули се активираат за време на прошетките и ја употребуваат гликозата за енергија, со што се намалува нејзината циркулацијата во организмот.