Парискиот јувелирски бренд Boucheron, ја ангажираше Андреа Диакон за новата кампања …
Фотографирана од Оливер Хедли Перч, кампањата содржи визуелни елементи кои се фокусираат на дизајните за новата сезона. Стилистката Камил Бидо-Вадингтон ги спари блескавите креации со плетени парчиња, здолништа и многу малку други детали.
Со шминка и коса со природен изглед, Андреа едноставно сјае на секоја фотографија. Карим Рахман беше задолжен за убавината, додека Џавар се грижеше за фризурата, а Џули Вилљан за маникирот.