За снимањето на својата пролетна / лето 2019 кампања, брендот Etro се упати кон плажата …
Фотографката Кас Бирд направи неверојатни визии во Сан Хозе Дел Кабо во Мексико, а модели кои позираа беа Еди Кембел и Оливија Винтен. На девојките им се придружија машките модели Николас Трубман и Ерик Ван Гилс, додека тие носеа шарени дезени и бохо форми.
Оваа сезона можеме да го забележиме и враќање на логото Пегаз, обележје на познатиот италијански бренд. Стилистка на снимањето беше Анастасија Барбиери, додека Тамара Мекнотон и Роми Солејмани се погрижија за косата и шминката.