Нашата дива, една и единствена, Каролина Гочева, одржа концерти за паметење.
Македонското девојче заедно со Македонската Филхармонија во саботата и неделата, им приредија часови уживање на присутните. Песните се редеа една по една, додека Каролина ги пееше како за своја душа.
За сите оние кои не успеаја да дојдат до билети за овие два претходни концерти, на 20-ти и на 22-ри месецов следуваат уште два.
Во продолжение погледете дел од фотографиите од концертот на Паповиќ Миладин.