Гласот на починатата Amy Winehouse може да се слушне на новата песна “Find My Love” од продуцентот Salaam Remy кој работеше со пејачката на нејзините албуми “Back to Black” и “Frank”.
Песната “Најди ја мојата љубов” треба да биде објавена на компилацијата на Saliam Remy “Do it for the Culture 2”, a во песната гостува и Nas.
Се претпоставува дека синглот е снимен за време на една проба со Remi, пред смртта на Amy Winehouse во 2011 година. “Работата со пријателите е најдобриот дел од уметничкото творештво”, кажа Remi .
Веднаш по нејзината смрт, нејзиниот постхумен албум “Lioness: Hidden Treasures”, колекција на необјавени песни и демо снимки до тој момент, е рангирана на врвот на топ листите во Велика Британија со највисока продажба.