Откако го водеше 61-то издание на Grammy наградите, Alicia Keys објави нова песна под наслов “Raise a Man”, која говори за добри мажи и за тоа како треба да ги има повеќе.
Таа во песната му пее на мажот, поради кој повторно се чувствува невино и посебно.
Триесетосмогодишната пејачка немаше ништо објавено уште од 2016 година.
Оваа година таа ги водеше Grammy наградите, а самата 15 пати од овој настан ги носеше наградите дома.
Мажена е за Swizz Beatz со кого има два сина, осумгодишниот Египет и четиригодишниот Џенесис.