Во рамките на годинешниве Прличеви Беседи во Охрид на 5ти овој месец беше промовирана `Монографијата 30 години Поетска Ноќ во Велестово
`.
На една од највпечатливите наши кутурни манифестации, која патем е антологија на највредното од Македонија од аспект на поезија и сликарство, проф.др Димитар Пандев ја промовираше монографијата во издание на Поетска Ноќ во Велестово и ПНВ Публикации од Скопје. Автор на истата е Славе Ѓорго Димовски.
Монографијата е илустрирана со убави фотографии кои хронолошки го преставуваат развојот на манифестацијата во последните три децении.
Во изминатите 30 години на Поетската ноќ во Велестово беа претставени најзначајните македонски поети и сликари, меѓу кои: Јован Котески, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Михаил Ренџов, Богомил Ѓузел, Раде Силјан, Веле Смилевски, Ристо Василевски… до најмладите, а меѓу сликарите учесници беа: Вангел Наумовски, Родољуб Анастасов, Глигор Чемерски,Газнафер Бајрам, Владимир Георгиевски, Боро Митриќески, Коле Манев, Сергеј Андреевски, Славко Упевче, Јордан Манасиевски, Стефан Хаџи-Николов, Емил Шулајкоски…
Во монографијата е опфатен антологиски избор со по една песна од досегашните пртеставени автори, а изборот и пригодниот текст го направи Санде Стојчевски.
Славе Ѓорго Димовски.