Најдовме рецепт за чистење на лицето кое ќе ја направи вашата кожа сјајна и мазна. Ви требаат јогурт, кафе и куркума.
Куркумата е егзотичен зачин кој се грижи за здравиот сјај на вашата кожа, ја смирува иритацијата и ги ублажува акните.
Зрната од кафе содржат многу антиоксиданси и помагаат на кожата да остане помлада и поцврста.
Работата на јогуртот е да ги отстрани вишокот на масти од кожата. Ја прави кожата мека и мазна, ја храни и навлажнува.
Измешајте ги сите состојки и направете хомогена мешавина. Нанесете ја маската на чиста кожа и оставете ја 20 минути. Исплакнете го лицето со вода на собна температура, не заборавајте нежно да го масирате лицето за да се стимулира циркулацијата. За најдобар ефект, подгответе ја смесата два или три пати неделно.