Stella McCartney има нова колекција на очила за сонце и оптички рамки од еколошки материјал кој е од природно потекло, креирани од обновливи извори.
Био-ацетатот е направен од целулозен ацетат добиен од дрво и пластификатор, кој се добива од естер на лимонска киселина, што го прави природен, обновлив и биоразградлив.
Исто така, брендот се заколна дека пластичните производи што ги користат при подготовката на нивните новитети можат 100 % безбедно и лесно да се пренаменат, рециклираат или компостираат до 2025 година.