Аронијата често се нарекува растение на иднината, бидејќи има повеќекратна функција која му помага на нашето здравје.Таа помага во борбата против грипот и се препорачува да се консумира секој ден.
Аронијата го прочистува телото од токсини, се користи како антиоксиданс и го спречува создавањето на слободни радикали. Исто така го успорува стареењето на организмот и го спречува развојот на хроничните и други болести.
Лекарите препорачуваат секојдневна употреба на аронијата, а можете да ја консумирате во сок или едноставно да изедете една дланка сушени плодови. Грипот ќе ве заобиколи во широк лак поради аронијата.
Аронијата го одржува притисокот нормален и ја лекува анемијата, а почетоците за нејзината употреба како природен лек се поврзани со Индијанците кои ја користеле против настинки.