Од детски книги до телевизиски реклами, ние постојано сме изложени на идејата дека мачките го обожуваат млекото.
Мачките, како и повеќето возрасни цицачи, не поднесуваат лактоза. Ова значи дека им недостигаат ензими кои ја разградуваат лактозата, односно шеќерите кои се наоѓаат во млекото. Шоља со млеко сигурно нема да биде смртоносна за нив, но последиците ќе претставуваат проблем за мачката, како и за сопственикот кој ќе мора тоа да го исчисти.
Ако забележите дека вашата мачка добро го поднесува млекото, третирајте го млекото како и секоја ужина. Бидејќи млекото нема речиси никаква хранлива вредност за мачките, тоа не може да биде замена за специјалната храна за овие животни. Ова значи дека млекото, како и другите оброци, треба да бидат околу 10% до 15% од исхраната на мачката.
Ако негувате мали мачиња без мајка, најдобро е да побарате специјално млеко од ветеринарот или во продавницата за миленичиња. Ова “млеко” има посебна формула и содржи хранливи материи што им се потребни на мачките, а во исто време нема да предизвикаат несакани ефекти како кравјото млеко.