Повеќе пати сме видели чевли кои предизвикале вистинска треска низ целиот свет …
Станува збор за модели кои блескаат во различни бои на секој чекор, како и оние кои емитуваат музика додека чекорите.
Шаика Ал Али, дизајнерка на чевли од Дубаи, креираше слична идеја, која не е премногу наметлива, но сигурно е привлечна. Дамите кои го сакаат гламурозниот и одважен животен стил, сега можат да поседуваат парче од Дубаи и секогаш да го носат со себе.
Дваесет и четири-годишната дизајнерка од Емиратите е творец на Kuthub чевлите со високи потпетици, кои се изработени од студио Gasah. Тие се направени од црна ПВЦ база, со потпетица од луцит, исполнети со песок од пустината во Дубаи.
Инспирирани од дините на нејзината татковина, овие чевли се продаваат по цена од 315 долари, а може да се најдат и на сајтот на нејзиното студио. Ако чекате околу еден месец, ќе има повеќе опции и бои.