Популарната Montignac чоколадна торта без брашно, наречена е по познатиот француски нутриционист Michel Montignac, кој напишал многу рецепти без брашно, а неговиот начин на исхрана “Јадам и слабеам” и денес е IN.
Основата на неговата исхрана не е намалување на храната и гладување, туку правилен избор на намирници кои одговараат на метаболичкиот потенцијал, а не според калорискаta вредност.
Оваа торта е лесна, едноставна и брза за подготовка, а секој ќе ја сака.
Време на подготовка: 15 минути
Време за печење: 8 минути
Време на ладење: 30 минути + 1 ден
Температура на рерната: 240C
- 35 дкг темно чоколадо (70% какао)
10 жолчки
10 белки
прстофат цимет
10 дкг темно чоколадо за глазура
Загрејте ја рерната на 240C. Одвоете ги жолчките од белките. Жолчките од јајцата, изматете ги пенесто и на пареа додадете го растопеното чоколадо. Белките миксирајте ги додека да добиете цврста пена и полека со лажица додадете ги во мешавината. Истурете ја смесата во подмачкан и со брашно поминат калап. Се пече во загреана рерна 8 минути. Кога ќе се излади (за околу половина час), свртете ја наопаку.
Растопете го на пареа темното чоколадо и прелијте ја тортата со чоколадната глазура. Во чоколадната глазура, може да додадете малку млеко и масло, или путер, или направте ганаж, – на пареа стопете го чоколадото во слатка павлака.
Ставете ја во фрижидер неколку часа или најдобро до следниот ден.
Bon apetit!