Брендот Giorgio Armani го ангажираше фотографот Курт Маркус за својата кампања пролет / лето 2019 година.
Снимена помеѓу песочните дини и базенот, кампањата како дел од својата постава ги има ѕвездите Шу Пеи, Дага Зиобер и Чарли Фрејзер. Како и секогаш, познатиот бренд ни ја понуди веќе познатата естетика и кроеви, презентирани во форми на костими, елегантни блузи и шапки, кои ќе ви овозможат да се издвоите од масата, каде и да се најдете. Мирната и тивка околина совршено се вклопува во палетата на користени бои, што е повеќе од погодна за топлата сезона пред нас.