Модните haute couture ревии секогаш се посебно интересни …
Од класични и софистицирани Chanel модели до експериментални и диви како кај Maison Margiel, но и како што е тоа случајот со Elie Saab, тие претставуваат чиста убавина.
Од блејзерот украсен со штрас, преку капутот до гламурозните фустани, Saab на сите ни даде до знаење дека неговите креации ги дизајнира за жени кои сакаат нешто убаво за сите прилики.
Се разбира, тој сега може да дизајнира фустан со затворени очи, но веруваме дека опциите кои тој овој пат ги понуди, брзо ќе завршат на црвениот тепих.
Погледнете ги сите модели во галеријата.