Бројни студии покажаа дека срцето на бебето е под многу поголем стрес ако мора да спие само.
Затоа, експертите препорачуваат мајките да спијат во иста просторија како и нивните бебиња до тригодишна возраст.
Експертите, исто така тврдат, дека бебињата кои заспиваат на мајчините гради подобро спијат од тие кои заспиваат сами во креветчиња или колевки. Оваа студија била спроведена од педијатрите на Универзитетот во Кејптаун во Јужна Африка, а тоа ни кажува дека одделното спиење од мајката, му го отежнува поврзувањето со неа.
Интересно е што тие нагласуваат дека спиењето одделно од мајката влијае на развојот на мозокот, односно му штети на различни начини, а резултатот од сето ова се чести проблеми во однесувањето.
Сепак, експертите препорачуваат бебето да заспие на градите на својата мајка само кога мајката е будна, а остатокот од спиењето да го помине во својата колевка или креветче, за да не се случи мајката да го повреди бебето во текот на спиењето.