Поставувајќи темел на својата работа во брендот Berluti, белгискиот дизајнер Kris Van Assche, инспирација ја најде во префинетата изработка на оваа модна куќа.
Поточно, неговата визија произлегла од софистицираната репутација на брендот кога станува збор за кожни чевли и модни додатоци, па под тоа влијание се појави секое ново парче од зимската колекција на Kris Van Assch.
Од висококвалитетната богата кожна облека до принтот од мермер кој потекнува од компанијата Berluti, овогодинешна поставка дефинитивно е одраз на работата која тие веќе ја презентираа и на која секогаш и се восхитуваме.
Брендот претстави беспрекорно дизајнирана серија на костуми и палта, што на некој начин ја нагласува насоката во која се движи оваа модна куќа. Лежерните парчиња како парки, бомбер јакни и дуксери со качулки, исто така беа навестување за големата светла иднина.