Овој прекрасен стан на шести кат со петнаесет соби во шармантна зграда на Менхетен, се дефинира со префинет стил, современа удобност и со неверојатен поглед на градот што лесно го претвора во дом од соништата …
Цената на овој стан е неверојатни 29 милиони долари, но ако ги погледнете малку подобро фотографиите во нашата галерија, ќе дознаете повеќе детали за луксузнната резиденција и ќе разберете зошто вреди за секој долар.
Резиденцијата со површина од 544 м2 некогаш била помала единица на неколку спратови, но по осум месеци реновирање, таа сега зафаќа цел кат, нуди пет купатила, шест спални, еден тоалет и е дизајнирана така што може да се натпреварува со апсолутно секоја резиденција што е на продажба во овој дел од светот.