Скулптурниот модернизам на италијанскиот дизајн е претставен во барот Restoration Hardware, кој има геометриска форма …
Именуван Polyhedron, овој бар има екстериер изработен од мат црно дрво, а самиот ентериер е со димени огледала, кои ќе ве намамат со својата илузија додека го барате вашиот омилен пијалок.
Трите врати на овој бар се отвораат како ливчиња од цвет, истовремено играјќи ја улогата на површина за служење, додека централниот дел на Polyhedron е дизајниран да ги чува пијалоците и сите додатоци кои ви се потребни за сервирање. Цената на овој бар е 2,495 долари.