Минатата година беше обележана со розова коса.
Ретко кој од светските познати личности му одолеа на овој тренд.
Но, тоа што дефинитивно го одбележа почетокот на 2019 година е мраз-сината боја на коса.
Лејди Гага чекореше по црвениот тепих на доделувањето на наградите Златен глобус. Освен неа, оваа боја ја носеа и сестрите Кардашијан и Карди Б.
Боење на косата во мраз-сина нијанса е скапа егзибиција. Освен бланширањето на косата и месечно одење на фризер, пари мора да потрошите на маски, ампули, регенератори и масла, бидејќи константниот третман ќе ја исуши косата.
Исто така, за некое време ќе треба да заборавите на пегли, фигаро и сите други апарати кои ја обликуваат косата врз основа на топлина.