Наследничката на Cindy Crawford, младата Kaia Gerber стана новото заштитно лице на брендот Jimmy Choo, кое досега ги бираше постарите и поискусни модели за потребите на своите кампањи.Сепак, брендот кој го купи Michael Kors пред две години, ја препозна моќта на младата моделка која беше толку многу зафатена минатата година, што ги фрли во сенка сестрите Hadid како и Kendall Jenner..
Во најновата кампања снимена од Steve Meisel , 17-годишната Kaia позира во чевлите на овој луксузен бренд.
Kaia е логичен избор – таа е лидер на новата генерација супермодели “, рече Sandra Choi, креативна директорка на брендот Jimmy Choo .