Создадени под креативното раководство на Вирџил Абло, новите торби кои блескаат во мракот се извонреден дел од колекцијата пролет / лето 2019 на овој бренд.
Како врвна галантерија, keepalls торбите се осветлени со серија фајбер-оптички влакна вградени во материјалот од кој се изработени. За прв пат, овие модели ја видоа светлината на денот за време на парискиот модна ревија на брендот, заедно со многу други парчиња од новата еклектична колекција.