Иако во последниве неколку месеци се повеќе и повеќе жени кажаа дека не ги депилираат пазувите, сега следи уште еден, побизарен тренд кај припадничките на поубавиот пол.
Овие денови, социјалните мрежи ги преплавија фотографии на кои жените ги обоиле влакната во боите на виножитото.
Овој тренд стана популарен и меѓу познатите, па така и Miley Cyrus и Jemima Kirke први прошетаа со обоените пазуви. Miley Cyrus избра розова боја и доби повеќе од 396.000 лајка на Instagram за оваа слика.
Боењето на влакната под пазувите и тоа во боите на винжитото е прилично храбар избор, па дури и на YouTube можете да најдете инструкции како да ја обоите косата под пазувите во ваша домашна варијанта. Многу отидиот чекор подалеку, така што влакната под пазувите ги офарбаа како косата, а мажите дури и со својата брада.