Во четврток на 24`ти во 18.00 часот во просториите на Францускиот Институт во Скопје (Institut Fraçais De Skopje) ќе бидат презентирани фотографии со мотиви од француската престолнина. Автор на изложбата е Роберт Јанкуловски, директор на Македонскиот Центар за фотографија, кој патем е и одличен познавач на делото на браќата Манаки.
Во рамките на изложбата ќе биде одржано предавање под наслов ”Старата фотографија, инспирација на моите дела”
Роберт Јанкуловски е роден во Прилеп, во 1969 година. Дипломирал на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје. Основач е на Македонскиот Центар за фотографија. Моментално работи како професор на Универзитетот на Аудио-Визуелни Уметности,(ESRA-Paris, Skopje, New York).
Роберт Јанкуловски