Ana Evers се врати како заштитно лице на брендот Isabel Marant, овој пат во пролетно / летната 2019-та кампања …
За оваа нова сезона, на германската моделка и се придружија Binks Valton и Rijani von Rompe на фотографиите направени од Jirgen Teler. Моделките на Isabel Marant носат метални фустани, тексас јакни и везени блузи. Стилистка на снимањето беше Јeraldin Saglio, додека за косата и шминката беа задолжени Tie Tojama и Lisa Batler.
Isabel Marant, како и секогаш, во новата сезона ни нуди традиционални трендовски парчиња кои ќе владеат по улиците на светските метрополи и ќе бидат дел од некое сосема ново модно движење, кое истовремено е револуционерно и мирно. Впрочем, погледнете ги фотографиите за што станува збор …