Со цел да ни даде можност 2019 година да ја започнеме со стил, Ријана и нејзиниот бренд за убавина, Fenty Beauty, ни претставија феноменални новитети …
Во прашање се 10 нови нијанси во колекцијата Mattmoiselle mat кармини.
Ријана се појавува како лик на оваа многу гламурозна кампања, а секоја од нејзините нови нијанси изгледа беспрекорно.
Фотографирана од Денис Леуполд, Ријана ни претстави нијанси кои одат од F’N Black до Ballerina Blackout и Turks & Caicos.
Од прекрасната тиркизна до нежната и женствена розова, постојат опции за секоја од нас. Откријте повеќе во галеријата.