Гучи ја ангажираше Лана Дел Реј како заштитно лице на нивниот нов мирис Gucci Guilty pour Femme.
На оваа фантастична пејачка и се придружи и актерот Џаред Лето во печатената кампања и филм, кој го изработи Глен Лухфорд. Инспирирана од седумдесеттите години, Лана на себе носи зелен ансамбл со детали од монистри, додека Џаред е облечен во кадифен блејзер.
Од ресторанот, во кој се појавува Кортни Лав, до фризерскиот салон и продавница за храна, Лухфорд креираше вистинска фантастична сцена. Кристофер Симондс работеше на уметничкиот правец за ова снимање, со креативната соработка на Алесанд Микел.