Земјата која влезе во 2019 година со најсилен пасош и понатаму е Јапонија, објави CNN.
Истражувањето беше спроведено од страна на Агенцијата за пасоши Henley Passport Index, која мери во колку земји на светот можете да влезете со пасошот на вашата земја.
Јапонските жители со нивните патни документи можат да влезат во 190 земји во светот. Интересно е да се истакне дека Јужна Кореја ја подобри својата позиција на листата, се придружи кон Сингапур, нудејќи пристап дури во 189 земји. Што се однесува до Азија, Кина скокна за речиси 20 места за само две години, од 85 место во 2017 на 69 место.
Европски земји, исто така, имаат добри резултати, бидејќи земјите-членки на Европската унија со Норвешка и САД, ги пополнија местата зад првите три водечки земји, но Велика Британија се уште се соочува со благ пад на ранг-листа.
Значи, на прво место кога станува збор за пасоши и понатаму го држи Јапонија чии граѓани можат да патуваат дури во 190 земји, а понатаму следат Сингапур и Јужна Кореја со 189, а потоа доаѓаат Франција и Германија со 188, Данците, Финците, Италијанците и Швеѓаните можат да патуваат 187 земји, а жителите на Луксембург и Шпанија во 186. На листата високо се позиционирани Австрија, Холандија, Норвешка, Португалија, Швајцарија, Велика Британија и САД.
Македонскиот пасош е на 41. место според тоа колку е моќен.
Со македонскиот пасош без визи може да се патува во 125 земји во светот.