Доколку побарате во вашиот дом, сигурно ќе најдете некоја корпа или кошница која е некаде сокриена и не ја користите, а изгледа интересно. Се разбира секоја корпа или кошница може да ја искористите практично, а сепак стилски да му дадете интересен изглед на просторот.
Време е да ги користите кошниците и корпите како декоративни елементи во домот, а притоа, може да ви користат и за складирање на облека, храна и пијалаци, козметика и слично.
Доколку во домот не ви се наоѓа некоја корпа можете да си дозволите и да купите, бидејќи нивната цена не е скапа и лесно можете да најдете во било која продавница.
Во зависност од вашиот ентериер, можете да изберете разни корпи и кошници изработени од различен материјал, дрво, пластика, железо или некој друг материјал.
Ние ви предлагаме неколку креативни идеи на декорирање со корпи и кошници, а на вас го оставаме останатото ….