Rihanna ги израдува своите следбеници со својата нова колекција на долна облека наречена Valentine’s day која е со прилично достапни цени и во поголеми броеви.
Пејачката од Барбадос позираше во розов сет со стратешки поставени детали во облик на срце на гаќичките, а изгледот е надополнет со високи кадифени црвени ракавици и со драматични пердуви во косата.
Колекцијата се состои од градници, гаќи, мрежасти чорапи и бодија. Цената на долната облека се движи од 20 до 68 долари. Колекцијата е наменета за Денот на вљубените, а ќе ве натера да се чувствувате романтично и игриво кога ќе ја носите.