Станува збор за впечатлива боја која ќе го освежи сечиј стил, а воедно на сите ќе им го поправи расположението на прв поглед. Можевме да ја видиме во голем број колекции на скоро сите модни ревии, вклучувајќи ги и колекциите на Брендон Максвел, Каролина Херера и Оскар де ла Рента. Сега оваа нијанса конечно ги доби своите вистински “пет минути”.
Да, тоа е бојата на невенот, веселата жолта нијанса која не можете, а да не ја забележите. Тоа е statement детаљ на целиот стајлинг кој ќе владее оваа, 2019 година. Можеби на прв поглед ви изгледа тешка за комбинирање, но за само неколку чекори ќе сфатите дека таа е всушност сестрана и лесна за мешање со други бои во форми на било кое парче облека или додатоци.