Трендови на венчаници за 2019!
Тешко е да одлучите што да облечете на свадба кога сте само гостин, а уште потешко кога сте невеста. Има толку многу трендови, толку многу стилови, а времето тече брзо и побрзо. Сепак, секогаш треба да се има во предвид дека трендовите доаѓаат и со одат, а дека најважно е да го нагласите вашиот личен стил и да се чувствувате пријатно во она што ќе го одберете.
Но, не треба да бегате целосно од трендовите. Затоа ви предлагаме само четири најголеми трендови кои ќе се провлекуваат низ целата 2019 година. Кои се – дознајте подолу!
МАШНИ
Тие се детаљ кој отсекогаш имал свое место на венчаниците или аксесоарите за невести. Сепак, оваа година се популарни и изгледаат суптилно, така да додаваат интересна нота на целокупниот изглед. Во 2019 година дизајнерите јасно покажа дека овој детаљ ќе биде голем хит и нов тренд.
КРАТКИ ВЕНЧАНИЦИ
Овој тренд очигледно е наменет за млади невести кои не ги сакаат традиционалните силуети и долги фустани со големи шлепови и широки здолништа. Пократките верзии на свадбените фустани полека си прават свој пат во 2019 година, бидејќи обезбедуваат забавен и неформален изглед на невестите кој избираат таков фустан.
Ако носењето на фустан воопшто не е вашиот стил, обидете се со новиот тренд: дводелни комбинации што ќе бидат неверојатно популарни оваа година. Тие можат да бидат комбинации на корсети и панталони, панталони и фустани, здолништа и некои кошули и така натаму. Ова е вашата можност да ја покажете вашата креативност.