Практичната Bazar торба на Balenciaga доби неколку фини освежувања во 2018 година…
Од класични, монохроматски дезени до незаборавните итерации инспирирани од сувенири и графити детали, овој едноставен стил е дефинитивно совршено платно за дивата фантазија на Demna Gvasaliа.
Најновата верзија на некој начин го зема изгледот од осумдесетите, благодарение на неговите разнобојни детали.
Големината XXS ни кажува дека овој модел на торбата е сосема мал, но тој е дизајниран на таков начин што е доволно простран за да ги земете сите ваши нај потребни работи за вечерно излегување.
Црната кожа и дава безвременски изглед, додека шареното лого и линиите над горниот дел создаваат забавна, ретро привлечност. Се затвора со двоен патент, така што сите ваши работи се безбедни, а ја красат рачките за носење и кожниот појас, кој може да се отстрани.