Откриено е, кое е најдобро и совршено време за судбоносното “да” ако сакате да останете засекогаш заедно.
Некои тоа го прават во раните 20-ти години, а другите во средината на 30-тите години. Станува збор за венчавка, односно момент кога двајца луѓе се одлучуваат за заеднички живот за сите останати денови и години. Но, сите ние пред да се одлучиме за овој голем чекор, се прашуваме кога е всушност совршеното време да се каже судбоносноро “да”?
Истражувачите од Универзитетот во Јута откриле кое е најдобро време за тој момент. Врз основа на алгоритми, успеале да ја пресметаат совршената возраст за венчавка која гарантира долг и среќен брак.
За студијата, социологот Nicholas H. Wolfinger ги анализирал податоците од националната студија за раст на семејството.
Паровите кои се венчале на возраст меѓу 28 и 32 години не се разведуваат толку често како помладите или постарите двојки.
Како резултат на тоа, јасно е дека стапката на разводи се намалува од адолесцентните години до доцните 20-ти години и повторно расте понатаму по 32-годишна возраст и тоа за 5 отсто секоја година.