Луксузниот бренд Прада ни нуди уште еден увид во својата ресорт колекција за 2019 година, лансирајќи ја Augemented Sunset кампањата …
Фотограф е познатиот Вили Вандерпери, а сликите беа создадени во њујоршкото седиште на познатиот италијански бренд.
Црвените ѕидови од плексиглас послужија како црвено зајдисонце, пред кои позираа моделите Кики Вилемс, Анок Џаи, Џулија Нобис, Меган Колисон, Ариел Николсон, Мика Аргањараз и Аманда Марфи.
Стилистка на снимањето е Оливија Рико, а плетените џемпери, кожните чанти и живите нијанси ја комплетираа фантастичната сезонска понуда.