Едгар Дега (19 јули 1834 – Париз, 26 јули 1917) роден како Илер Жермен Едгар Дега е француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во XIX век.
Се смета за еден од основачите на импресионизмот иако тој самиот го отфрлал тој термин и повеќе сакал да го нарекуваат реалист. Изработил низа на бакрописи, цртежи и скулптури.
Дега се смета за еден од најистакнатите претставници на францускиот импресионизам, иако самиот себе никогаш не се сметал за дел на импресионистичкото движење.
Преокупиран со урбани призори, со балерини, со призори на коњски трки, Дега никогаш целосно не му свртил грб на реализмот и на неговите мајстори како Енгр и Делакроа.
Tој повеќето од своите дела ги создава во атеље, но и покрај тоа поголемиот дел од историчарите на уметноста се согласуваат дека неговото место е во рамките на импресионизмот.