Благодарение на беспрекорниот и авангарден стил, ирската актерка Saoirse Ronan ја освои титулата, најдобро облечена актерка во 2018 година, според британскиот магазин Vogue.
Ова е уште една успешна приказна за харизматичната 24-годишна актерка. Таа го освои Златниот глобус минатата година и беше номинирана по трет пат за престижната награда Оскар.
Филмот “Lady Bird” во кој таа ја толкуваше главната улога, за краток рок се здоби со голема популарност и од неодамна, Ronan можеме да гледаме во новиот филм “Mary, Queen of Scots”.
Ronan се појавувава на јавни настани во фустани што ги избира со стилистката Elizabeth Saltzman. Двете работат заедно од 2015 година