Оваа празнична сезона, модната куќа Сен Лоран им подари на своите пријатели проекција на иконскиот филм “Убавицата на денот”, на шпанскиот режисер Луис Буњуел.
Филмот во кој глумеше Катрин Данев во 1967 година, доживеа по 50 години ново обновено емитување со поддршка на модната куќа Сен Лоран. Не само што е ова на некој начин заживување на големиот филмски хит снимен на камера од 35мм, туку ова е голем настан за модната куќа, бидејќи големата модна куќа Ив Сен Лорен ги креираше костимите за филмот.
На премиерата на филмот која се одржа во Музејот MoMA, Катрин Данев се појави во друштво со ќерката Кјара Мастројани, како и многу познати личности.