Ако не сакате да изгледате оваа зима или за Божиќ како Колин Флирт во улогата на Марк во филмот Дневникот на Бриџит Џонс, кој редовно од мајка му на подарок добива џемпер со божиќен мотив, одлучете се за плетиво кое е дефинитивно во мода, но со малку различни обрасци и дезени.
Еве ги нашите сугестии, односно предлози на светските дизајнерски куќи, како да носите трикотажа, да изгледате шик, а не смешно. За да бидеме разбрани, не сакаме да се потсмеваме никому кој ќе се одлучи за џемпер со божиќен мотив, но веќе е тоа е толку клише и некако повеќе е за децата, а не за возрасните.
Дефинитивно, на забава не сакате да се појавите во џемпер каде што пишува: “Дедо Мраз дали ме сакаш?”