Иако се сомневаме дека безвременските хитови како “Сaм дома” (се разбира, само првите три дела) и “Всушност љубов” некогаш ќе ви досадат, време е да им дадеме прилика и на некои други, помалку запоставени новогодишни филмови.
Во продолжение избравме пет нови филмови кои сеуште не сте ги виделе:
Four Christmases – Trailer
Four Christmases
Смешна приказна за парови кои се обидуваат да го избегнат новогодшното лудило, влегуваат во разни проблеми само за да сфатат дека е невозможно да ги прескочат празниците.
A Bad Moms Christmas
Ако се забавувавте со сите проблеми со кои се соочуваа опасните мајки во првиот дел од филмот со исто име, погледнете како тие се носат со стресот кој го носат Божиќните празници и повторно најсмејте се до солзи.
Trading places
Класична приказна за размена на животот меѓу богатиот и сиромашниот, која никогаш нема да застари, иако веруваме дека многумина од вас ќе се согласат дека е класика.
Daddy’s Home 2
Доколку го гледавте првиот дел и ви се допадна, задолжително е за време на овие празници да ги гледате познатите “татковци” Вил Ферел и Марк Валберг во продолжение, кое исто така гарантира огромна количина смеа.
A Very Harold & Kumar 3D Christmas
За сите вас кои сакате да го одморите мозокот додека гледате филмови, овој познат урнебесен двоец ќе се погрижи за тоа, во празнично издание.