За секој од нас, Новата година е нешто посебно – дали затоа што во тоа време имаме можност да поминуваме повеќе време со своите сакани или затоа што ја сметаме како шанса за нов, подобар почеток.
Се надеваме дека ќе ги исполниме нашите желби и соништа, ќе бидеме похрабри, спремни да ризикуваме за сите предизвици што таа ќе ги постави на нашиот пат. Сепак, некои велат дека Новата година не е нов почеток, а не е ниту крај, туку продолжение во кое влегуваме побогати за многу искуства.
Подарувањето на подароци за Нова година, треба да биде чин на почит и љубов!
За да ги израдуваме оние кои ги сакаме, треба само да бидеме креативни и да смислиме идеја која нема да не чини ниту еден денар, а ќе покаже дека во подарокот се вложени љубов и труд.